свет

Сирија: Судир помеѓу ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во Деир ез Зор

Мала група припадници на терористичката организација ДЕАШ, заглавена во подрачје на градот Деир ез Зор, Сирија, се судри со терористичката организација ЈПГ/ПКК

Ekipa  | 11.03.2019 - Обновена : 11.03.2019
Сирија: Судир помеѓу ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во Деир ез Зор

АНКАРА (АА) – Мала група припадници на терористичката организација ДЕАШ, заглавена во подрачје на градот Деир ез Зор, Сирија, се судри со терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

ЈПГ/ПКК и Соединетите Американски Држави (САД), со последната група на ДЕАШ, заглавена во камп во Багоз, во градот Деир ез Зор, на 15 февруари постигнале договор за нивна евакуација.

Според локални извори, минатата ноќ започнале судири помеѓу една мала група на ДЕАШ, составена од странци, и ЈПГ/ПКК. Малата група од ДЕАШ не учествувала во договорот меѓу двете терористички организации.

ЈПГ/ПКК со воздушна поддршка на коалицијата започнала напади кон последната група за да се предадат. 

Во воздушниот напад на коалициските сили предводени од САД во подрачјето каде што се наоѓаат припадниците на ДЕАШ, животот го загубија 8 лица, а нема информации дали меѓу загинатите има и цивили. Коалицијата сè уште нема соопштение во врска со настанот. 

- Договор помеѓу ЈПГ/ПКК и ДЕАШ -

На 2 март, АА стигна до содржината на договорот за евакуација склучен помеѓу двете терористички организации. ЈПГ/ПКК, на припадниците на терористичката ДЕАШ и на нивните семејства во Сирија им вети дека ќе ги изнесе надвор од окупираната зона, и на тој начин повторно го отвори патот терористичката ДЕАШ да се инфилтрира во Турција. Во рамките на договорот беа ослободени речиси 300 припадници на ДЕАШ. 

Не се знае судбината на 300-те припадници на ДЕАШ ослободени од терористичката ЈПГ/ПКК, чиј пат до турската граница повторно им се отвори. 

- Статус на доминација -

Окупираната област од ДЕАШ во Сирија се намали на околу 2 отсто од сириската територија, додека 28 отсто од сириската територија е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК. 

Додека силите на режимот доминираат во околу 60 отсто од земјата, областа контролирана од опозициските воени сили и групите кои се борат против режимот изнесува околу 10 отсто од територијата на Сирија. 

САД имаат 18 бази и речиси 2.000 војници во областа окупирана од ЈПГ/ ПКК, која е нивен сојузник во Сирија. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın