Турција

Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во Северна Сирија

„Тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои отворија оган и се обидоа да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, со цел нарушување на мирот и безбедноста, се неутрализирани од нашите командоси“, соопшти турското Министерство за одбрана

Fahri Aksüt  | 21.09.2020 - Обновена : 22.09.2020
Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во Северна Сирија

АНКАРА

Турските вооружени сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК при обид да се инфилтрираат во зоната на антитерористичката операција во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои отворија оган и се обидоа да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, со цел нарушување на мирот и безбедноста, се неутрализирани од нашите командоси“, соопшти турското Министерство за одбрана преку Твитер.

„Нема да дозволиме разнишување на мирот и безбедноста во регионот“, додадоа од Министерството.

Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.