Mustafa Keleş
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Државниот секретар на САД Џон Кери, побара да се воведе ограничување на летовите во критичните области во Сирија, Anadolu Agency (AA).
Во текот на состанокот за кризата во Сирија, одржан во Советот за безбедност на ОН, Кери се осврна на нападите на сирискиот режим и руските сили на активистите во хуманитарните организации како и цивилното население во Сирија.
„Денеска со вас сакам да споделам неколку информации. И покрај договорот за примирје, во вечерните часови од последица на воздушните напади во близина на Алепо загинаа четири хуманитарци кои беа ангажирани во една здравствена организација. А знаеме дека во текот на ноќта на ова подрачје се активни само авионите кои им припаѓаат на двете, Русија и Сирија. Во понеделник исто така во напад на хуманитарен конвој, кој доби дозвола за поминување, загинаа 20 хуманитарци. Овие напади беа тежок удар врз напорите кои ги правиме за да воспоставиме мир во Сирија и разбуди сомнеж дека Русија и режимот на Асад ги одржат ветувањата кои ги дадоа во Женева", рече Кери.
Се осврна и на барањето во Сирија да се воспостави зона за забрана за летови, нагласувајќи дека е потребно да се воведе ограничување на летови во критичните делови на Сирија.
Додаде исто така дека е потребно да се примети разликата помеѓу легитимната опозиција во Сирија и организациите како што се ал-Нусра и ДАЕШ.
„Можно е да се ограничат летовите на сириските воени авиони во подрачјата каде се наоѓа легитимната опозиција. Мораме да донесеме ограничување на летовите", истакна Кери.
Инаку, во Њујорк данас се одржува состанок на Советот за безбедност на ОН на кој се разговара за последните случувања во Сирија.