Emel Öz Gözellik
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ЕЏЕРЕ (АА) – Пронајдена е црната кутија на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, што се урна вчера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на „Етиопијан ерлајнс“ се истакнува дека е пронајдена црната кутија на авионот од типот „Боинг 737 Max 8“, кој летал од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, кон Најроби, и се урна 6 минути по полетувањето.
Официјален претставник од авиокомпанијата истакна дека за време на тековните работи во областа каде што паднал авионот била пронајдена црната кутија, која била делумно оштетена.
По авионската несреќа во која загинаа 157 лица, во земјата беше прогласен ден на национална жалост.
„Етиопијан ерлајнс“, по авионската несреќа што се случи вчера, ги стопираше летовите на авионите од типот „Боинг 737 Max 8“.
Теволде Гебремариам, главниот менаџер на авиокомпанијата, изјави дека пилотот на авионот побарал помош и сакал да се врати назад во Адис Абеба и дека тоа му било дозволено. Тој, исто така, рече дека истрагата за несреќата е спроведена во согласност со меѓународните стандарди.
Претседателот на Етиопија, Абиј Ахмедказада, и претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата, изразија сочувство до семејствата на загинатите во несреќата.
За „Етиопијан ерлајнс“, која е во државна сопственост, се вели дека е една од најдобрите авиокомпании во Африка.
Евидентирано е дека авионот „Боинг 737 Max 8“ на 15 ноември 2018 година е преземен од компанијата „Боинг“.