Tufan Aktaş
30 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
АДИС АБЕБА (АА) - Во Етиопија се урна воен хеликоптер. Во несреќата животот го загубија 18 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објавија локалните медиуми, воениот хеликоптер кој од градот Дире Дава летал кон Бишофту, се урнал во подрачјето на Источна Шоа, кое се наоѓа во регионот Оромија.
Во несреќата животот го загубија 15 војници и 3 цивили.
Од досега добиените информации се дознава дека хеликоптерот се запалил додека бил во воздух.