Saadet Firdevs Aparı
01 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
ХЕЛСИНКИ (АА) - Во хеликоптерска несреќа во Норвешка животот го загубија две лица, а едно е потешко повредено, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на полицијата, соопштувајќи дека е започната истрага во врска со несреќата што се случи во Вердал, информираа дека две лица ги загубиле животите, а едно лице е потешко повредено.
Несреќата се случи надвор од густо населено подрачје, а се верува дека хеликоптерот се урнал по неколку обиди да слета, во што не успеал поради лошите временски услови.
Во истрагата е вклучена и истражна комисија за несреќи во авиосообраќајот.