Tufan Aktaş
04 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АДИС АБЕБА(АА) - Министерката за сообраќај на Етиопија, Дагмавит Могес, денеска изјави дека пилотите на „Етиопијан ерлајнс“ („Ethiopian Airlines“) ги поминале сите процедури по препорака на „Боинг“ („Boeing“) пред кобната несреќа во март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пилотите ги поминале сите процедури по препорака на произведувачот на леталото. Меѓутоа, не успеале да го исконтролираат авионот“, изјави Могес.
Авион на „Етиопијан ерлајнс“ на 10 март се сруши на летот од Адис Абеба кон Најроби, а загинаа сите 157 патници и членови на посадата кои биле од 35 земји.