Bedrudin Brlyavac
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Авиокомпанијата „Боинг“ соопшти дека во вторник ќе отвори 2.000 нови работни места во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската авиокомпанија ќе ги прошири и инвестициите во оперативните истражувања во Велика Британија во рамките на договорот на владата и компанијата.
Британската Влада за возврат ќе купи девет нови авиони од типот „Боинг П8“ и ќе ѝ помогне на авиокомпанијата да изгради нови објекти за обука во рамките на базата РАФ којашто се наоѓа во Шкотска.
Целиот проект вреди 130 милиони американски долари.
„Боинг“ е само една од големиот број американски компании што имаат значајни бизнис-интереси во Лондон.