Gülbin Yıldırım
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, со претставниците на компанијата „Боинг“ и „Локит Мартин“ направи договор новиот претседателски авион „Ер форс уан“ да биде поевтин од четири милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Доналд Трамп се состана со генералниот директор на компанијата „Боинг“, Денис Мјуленберг, и со директорката на компанијата „Локит Мартин“, Мерилин Хјусон во Палм Бич, во сојузната држава Флорида.
На состанокот со претставниците на двете фирми, кои Трамп во изминатите денови ги критикуваше поради скапите програми на авионите „Ер форс уан“ и Ф-35, присуствуваа и 10 официјални лица од Пентагон.
По состанокот, генералниот директор на „Боинг“, Денис Мјуленбер изјави дека на Трамп му ветил дека претседателскиот авион „Ер форс уан“ ќе чини помалку од четири милијарди долари.
Трамп пред две недели на социјалната мрежа Твитер порача дека следниот „Ер форс уан 747“ на „Боинг“ ќе чини повеќе од четири милијарди долари. Во продолжение додаде: „..цената губи контрола“, и порача дека нарачката ќе биде откажана.
Директорката на „Локит Мартин“, Мерилин Хјусон не сакаше да одговара на прашањата на новинарите, но дополнително истакна дека состанокот со Трамп бил плоден.