Umar Farooq
08 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американската вселенска агенција НАСА отвора Меѓународна вселенска станица за туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Агенцијата вчера беше соопштено дека НАСА ќе отвори вселенска станица за „приватните мисии“ на астронаутите, допуштајќи два лета годишно, од кои секој ќе трае најмногу 30 дена.
Патувањето ќе чини околу 50 милиони долари, а НАСА додатно ќе заработи и 35.000 долари по патување за престој во орбитата, храна, вода и цел систем за поддршка на Вселенската станица.
Првата планирана приватна мисија би требало да биде реализирана веќе во 2020 година.