Amina Zorniç
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Откако Американската вселенска агенција (НАСА) неодамна соопшти дека за прв пат по четири години ќе регрутираат нова класа на астронаути, за оваа позиција аплицирале рекордни 18.300 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за апликации за работа која НАСА ги прими помеѓу средината на декември 2015 година до 18-ти февруари годинава, а од НАСА тврдат дека станува збор за рекорден број на апликации, три пати повеќе од оние во 2012 година.
Најмногу апликации до сега НАСА има примено во 1978 година, кога работата за истражувачи се обиделе да ја добијат 8.000 луѓе.
Од 18.300 новопристигнати барања, само 14 лица ќе ја добијат "работата од соништата" а НАСА за тоа ќе одлучува во следните 18 месеци.
Претходно, од агенцијата имаа соопштено дека за позицијата астронаут може да аплицираат сите оние кои имаат завршено математички факултет, наука или инжинерство.
Покрај тоа, пожелно е кандидатите да имаат воено искуство. Исто така, една од клучните елементи за добивање на работата се "емотивната сила и добро ментално здравје", бидејќи астронаутите поминуваат многу време далеку од нивните семејства.
Се верува дека новата класа на астронаути ќе биде првата група која ќе чекори на Марс. Според НАСА, тоа ќе се случи најдоцна до 2021 година.