Amina Zorniç
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Националната воздухопловна и вселенска агенција НАСА објави сателитски снимки на кои се гледа снег што за првпат пред неколку дена, по цели 37 години, ја прекри најголемата пустина Сахара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сателитот „Лендсат 7“ регистрирал снег кој во Сахара паднал на 19. декември. Последен пат во оваа пустина снег паднал во февруари 1979 година.
Првите фотографии од оваа необична појава на светската јавност и ги достави аматерскиот фотограф Карим Боучетата, а потоа НАСА објави свои снимки.
Сахара го покрива поголемиот дел од северот на Африка, нејзината клима е исклучително сува и топла, а врнежите се многу ретки. Затоа Сахара се смета за најголемо суво подрачје на Земјата.
Средната годишна температура изнесува 31 степен, а во одредени делови температурата надминува 50 степени Целзиусови.