Aldıjana Hadzıc
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Во Босна и Херцеговина денес времето е облачно со снежни врнежи, чие престанување се очекува во попладневните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Босна врне снег, а во низините во некои делови врне и дожд. Од попладневите часови кон крајот на денот се очекува постепено престанување на врнежите.
Ќе дува слав ветер до умерена јачина од северен и северозападен правец. Најголемата дневната температура на воздухот ќе биде помеѓу два и седум степени Целзјусеви, на југот од земјата до 10 степени.
Во Сараево од утрово врне снег. Се очекува најголемата дневна температура на воздухот да биде до четири степени.
Во бх. ентитетот Република Српска во утринските часови времето е облачно со дожд а на југозападот можни се посилни врнежи. На планините паѓа снег, а влажен снег ќе паѓа понекаде во понислки предели (најмногу на северозападот и сараевско-романискиот регион), наведено е во соопштението на Републичкиот хидрометереолошки завод.
На планините е можна снежна покривка која на одредени подрачја би можела да изнесува помеѓу 10 и 15 сантиментри. Попладне се очекува намалување на врнежите и постепено разведрување. Ќе дува слаб до умерен, на југот повремео силен, северозападен ветер. Температурата на воздухот ќе изнесува помеѓу еден и ш шест степени, на југот околу осум степени Целзјусови а на поголемите предели до -2 степени. Најголемата дневна температура на воздуот ќе изнесува помеѓу четири и осум, на југот до околу 10 степени, а во поголемите предели околу нула степени.
Метереологот Жељко Мајсторовиќ за Anadolu Agency рече дека денс во БиХ се очекува разведрување и престанување на падежите но дека времето во наредните неколку дена ќе биде ладно, посебно во утринските часови во вторник и среда, кога е можен и мраз а од четврток се очекува нов бан на падежи.
"За престојните празници, 1 мај се очекува променливо време. Ќе има сонце, но треба да се подготват и чадори", рече Мајсторовиќ.
Според информациите собрани од Граничната полиција на БиХ на граничните премини нема подолги задржувања.