Amina Zorniç
10 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американската агенција за истражување на Вселената (NASA) планира да испрати своја мисија на Марс во мај 2018 година, две години подоцна од очекуваното, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мисијата "InSight" првобитно на Марс требаше да го испрати својот лендер овој месец.
НАСА потврди дека овој проект е „ставен на чекање” на неодредено време, откако дошло до дефект на еден од инструментите на леталото.
Новиот термин за испраќање на мисијата на „Црвената планета” е мај 2018 година, а вселенскиот брод на Марс треба да слета истата година на 26-ти ноември.
Целта на "InSighta" е проучување на каменестите состојки од коишто е формирана планетата Марс.
Иако предвидено за овој месец, лансирањето е пролонгирано, откако во декември 2015 година дојде до застој во функционирањето на еден од иструментите на лендерот.
Доколку дојде до испраќање, тоа би била првата мисија по 2012 година кога на Марс слета роботот на НАСА "Curiosity" и вкупно трета мисија во целокупниот проект.