Amina Zorniç
01 Август 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Американската вселенска агенција НАСА тврди дека кратерите што можат да се видат на површината на Марс не се формирани од вода, како што претходно се веруваше, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се сметаше дека течната вода е причината поради која долж површината на Црвената планета се наоѓаат кратери, додека новите истражувања ги демантираат овие тврдења.
Градиентите кои НАСА ги нарече РЛС (RLS) се откриени на Марс во текот на изминатата година. Темните дамки, односно кратерите се најизразени во текот на летните месеци, а бледеат во текот на зимата.
Научниците на НАСА велат дека брздите на Марс се формираат со сезонското замрзнување на јаглеродниот диоксид. Сепак, Американската вселенска агенција тврди дека таквите сознанија не ги побиваат тврдењата дека на Марс постои вода.
„Знаеме дека и на Земјата и на Марс има глина, но и други хидратизирани минерали коишто укажуваат на формирање на течна вода“, истакнува раководителот на истражувањето Хорхе Нуњез.
НАСА верува дека многу тајни на Црвената планета ќе бидат откриени во мај 2018 година, за кога е планирано да се испрати мисија. Во случај на испраќање на мисија, таа би била првата мисија по 2012 година, кога на Марс слета роботот на НАСА Кјуриосити.