наука и технологија

ОАЕ лансираа набљудувачки сателит на Марс

Сателитот именуван како „Надеж (Hope)“ со ракетата „H-2A“ беше лансиран кон Марс од Вселенскиот центар „Танегашима“ во Јапонија

İdiris Okuduci  | 20.07.2020 - Обновена : 21.07.2020
ОАЕ лансираа набљудувачки сателит на Марс

ИСТАНБУЛ (АА) - Сателитот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), развиен во рамки на мисијата за Марс на оваа земја, успешно беше лансирн од Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сателитот именуван како „Надеж (Hope)“ со ракетата „H-2A“ беше лансиран кон Марс од Вселенскиот центар „Танегашима“ во Јапонија.

Набљудувачкиот сателит кој тежи 1,3 тони, се предвидува на Марс да стигне за 200 дена.

Овој сателит ќе работи во насока на климатските промени и температурата на воздухот.

„Ова е подарок на ОАЕ за светот и е показател дека ОАЕ со арапскиот свет има капацитет да постигне големи успеси“, рече министерот за образование на ОАЕ, Хусеин ал Хамади, пред лансирањето на сателитот.

ОАЕ минатата недела двапати планираше лансирање на сателитот, но оваа операција беше одложена поради лошите временски услови.

Во случај сателитот именуван како „Надеж“ успешно да пристигне до својата цел, ОАЕ ќе бидат првата арапска земја која лансира сателит на Марс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın