Atilla Hancı
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Јапонските научници пред два дена го загубија контактот со сателитот Хитоми кој минатиот месец беше лансиран во орбитата со цел да помогне во истражувањето на феноменто на црните дупки, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) соопшти дека веќе два дена научниците не можат да воспостават контакт со сателитот Хитоми кој во орбитата успешно е лансиран на 17-ти февруари.
Портпаролот на JAXA изјави дека губењето на контактот со сателитот дошло ненадејно и дека научниците сè уште се обидуваат да воспостават контакт.
Експертот од Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика, Џонатан Мекдауел, тврди дека пред губењето на контактот во близина на сателитот Хитоми се забележани неколку објекти и дека постои голема веројатност сателитот да е оштетен при судир со овие објекти.
Јапонскиот сателит, кој е опремен со посебни телескопи и опрема, според планот требаше да остане во орбитата три години.