Ekipa
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ТОКИО (АА) - Јапонските власти започнаа истрага откако на социјалната мрежа Фејсбук се појавија снимки на јапонскиот новинар Џумпеј Јасуда кој според медиумите во јуни беше киднапиран од терористичка организација во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштуваат јапонските медиуми, фронтот Ал Нусра, кој е огранок на терористичката организација Ал Каеда, побара од јапонската влада откуп за ослободување на новинараот. Во декември минатата година, групата Репортери без граници соопшти дека Јасуда е киднапиран од страна на вооружена група во Сирија, за кратко време откако во јули влегол во таа земја.
Шефот на Кабинетот, Јошихиде Суга, за новинарите изјави дека затворениот новинар е веројатно Јасуда, но дека Владата сè уште нема добиено барање за откуп.
„Ние користиме различни мрежи со цел да се справиме со овој случај”, рече Суга, но одби да коментира за тоа дали јапонската влада контактирала со таа група.
Во видео објавено на Фејсбук, Јасуда испрати порака до семејството и државата.
На снимката објавена на Фејсбук, Јасуда испраќа порака до семејството и земјата "Здраво, јас сум Џумпеј Јасуда, Денес е мојот роденден, 16-ти март", изјави на англиски јазик човекот со брада во црн џемпер, кој личи на новинарот кој е киднапирани во Сирија.
САД го прогласи фронтот Ал Нусра за терористичка организација во 2012 година, но истото го направи и Турција во јуни 2014 години.