Ekip
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
ТОКИО (АА) - Потврдено е дека најмалку 9 лица загинале, а повеќе од 800 лица се повредени по силниот земјотрес кој вчера го погоди југозападнитот дел на Јапонија, при што се уранти многу стамбени објекти, јавува Andolu Agency (AA).
Државните медиуми известија дека околу 44.000 лица се евакуирани по ударот со јачина од 6,5 степени по Рихтер, но за среќа немало никакви последици во нуклеарните електрани во јужниот дел на Кјушу.
Јапонската метеролошка агенција објави податок дека во петок од 10 часот изутрина по локално време забележани се дури 123 потреси, и предупредила дека се очекуваат уште.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе денес во парламентот изјави дека повеќе од 3.000 припадници на спасувачки служби, полиција, итна помош и противпожарни екипи биле ангажирани во перфектурата на Кумамото.
"Ќе направиме се што можеме да го обезбедиме населението", додаде Абе.
Според наведувањата на полицијата на Кумамото, седум жртви се забележани во градот Машики, каде се срушени дваесетина куќи и каде почетната забележана магнитуда изнесува 7 степени на националната сеизмичка скала. Тоа е прв пат да биде забележано највисоко ниво на потрес, од земјотресот во 2011 година кој предизвика цунами и нуклеарна катастрофа во Фукушима.
Уште две лица страдаа во Хигаши Вард, една од петте општини во Кумамото и градовите на префектурата. Најмалку 860 лица се повредени, од кои 53 се сериозно. Според информациите со кои располага владата на префектурата на Кумамото велат дека околу 44.400 лица се евакуирани и сместени на околу 500 различни локации.
Земјотресот им донесе проблеми и на жителите на Токио, каде 14.500 домаќинства останале без струја, за 25.000 е отежнат протокот на вода додека пак 4.600 домаќинства останале без плин.