Ekip
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
СЕУЛ (AA) - Прославата на севернокорејскиот празник Ден на сонцето делумно го засени неусехот на тааа земја во прилика на обид на лансирање на нов проектил, соопшти севернокорејската војска, јавува Anadolu Agency.
Петнаесетиот ден на април, кој оваа година се прославува како 104 роденден на оснивачот на земјата Ким II- сунг е национален празик во Северна Кореја и официјален Сеул го означи тој ден како прилика за можни провокации.
"Северна Кореја изгледа се обиде да го лансира проектилот од подрачјето на Источно море рано утринава, но мисијата најверојатно пропадна", соопшти Заеничкиот штаб на Јужна Кореја.
Изворите на локалната новинска агенција Јонхап тврдат дека проектилот за кој станува збор е нетестиран балистички проектил Мусадан. Се верува дека овој проектил има домет околу 4.000 километри што ја вклучува и американската територија Гуама а јужнокорејскиот Заеднички штаб соопшти дека проектилот се насочи кон неочекувана патека.
Северна Кореја со години се заканува дека ќе го нападне САД и Јужна Кореја, но агресивната реторика на Пјонгјанг е интензицирана по четвртиот нуклеарен тест во јануари и лансирање на ракети од втор домет, што е проследено со заоштрување на санкциите на Обединетите Народи.
И покрај неуспешното лансирање на проектилот, Северна Кореја, според она што го јавуваат локалните медиуми, во знак на одбележување на наследството на Ким II-сунг, кој почина 1994 година. Неговиот внук и сегашниот лидер на оваа земја Ким Јонг-ун ја посети Кумсусан палатата во Пјонгјанг за да му оддаде почест на неговиот дедо.