Göksel Yıldırım
05 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот сателит ЃОКТУРК-1, кој има за цел без географски ограничувања да испраќа сателитски снимки со висока резолуција, успешно е лансиран од Француска Гвајана, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во просториите на Турската вселенска индустрија (TUSAS) организирана е церемонија за следење на лансирањето на сателитот. Домаќин на церемонијата беа Командата за воздушни сили и Советништвото на одбрамбената индустрија, а на церемонијата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
ЃОКТУРК-1 ќе овозможи сателитски снимки со висока резолуција за цивилна и воена примена.
Проектот ЃОКТУРК-1 е проект на Командата на воздушните сили, а учествуваа и многубројни турски компаниии и компанијата „Талес Алениа Спејс“.
Сателитот ЃОКТУРК-1 тежи 1.070 килограми, без гориво.
Производството, развојот и тестирањата на вториот воен сателит ЃОКТУРК-1 започна на 19 јули 2010 година.
Воениот сателит ЃОКТУРК-1 ќе ја зајакне силата на Турција во вселената со карактеристиките што ги поседува кога станува збор за капацитетот и резолуцијата на снимките, брзина на преземање податоци, способноста за маневрирање и развиениот систем на земјата заедно со сателитот ЃОКТУРК-2.
Откако ќе заврши со тест-периодот и ќе ги помине потребните фази, ЃОКТУРК-1 ќе врши надзор на командната единица за вселенски истражувања, која е дел од командата на воздухопловните сили.
Планирано е сателитот годишно да испраќа повеќе од 60.000 снимки.
Со лансирањето на овој сателит, Турција го зголеми бројот на активните сателити на шест.
Оваа земја го лансираше првиот комуникациски сателит ТУРКСАТ 1A, на 24 јануари 1994 година, но тој поради дефект на ракетата падна во океанот по 12 минути и 12 секунди од лансирањето.