Турција

Турција: На брод близу Измир фатени 276 мигранти при обид да преминат во Европа

Дејствувајќи по дојава, обласните безбедносни тимови фатија 276 мигранти на брод недалеку од брегот на Нарлидере во Измир, додека осум други лица се уапсени поради тврдења дека се криумчари

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 07.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Турција: На брод близу Измир фатени 276 мигранти при обид да преминат во Европа

ИЗМИР (АА) - На брод недалеку од брегот на Измир, западна Турција, фатени се 276 мигранти во обид за илегален влез во Европа, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дејствувајќи по дојава, обласните безбедносни тимови фатија 276 мигранти на брод недалеку од брегот на Нарлидере во Измир, додека осум други лица се уапсени поради тврдења дека се криумчари.

Мигрантите потекнуваат од Авганистан, Сирија, Бенгал, Централна Африка, Сомалија и Иран.

За време на операцијата, безбедносните тимови пронајдоа најмалку 46 жени и најмалку 59 деца во затворен дел од бродот. Некои од евакуираните мигранти од бродот имаа потешкотии со дишењето.

Поради својата географска локација и конфликтите во соседните региони, Турција е една од главните рути за мигрантите што сакаат да започнат нов живот во Европа.

Граѓанската војна во Сирија е еден од иницирачките фактори што стојат зад големите миграции кон Европа.

Турција е домаќин на речиси четири милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın