Турција, култура и уметност

Членовите на жирито на „Istanbul Photo Awards 2020“ зборуваа за наградените фотографии

Членовите на жирито на шестиот меѓународен натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards 2020“ организиран од страна на Агенција Анадолија (АА) изјавија дека натпреварот дал голем придонес за глобалните визуелни вести

Zuhal Demirci, Nazlı Yüzbaşıoğlu, Muhammet Tarhan  | 07.07.2020 - Обновена : 08.07.2020
Членовите на жирито на „Istanbul Photo Awards 2020“ зборуваа за наградените фотографии

ИСТАНБУЛ / АНКАРА

- Фирдевс БУЛУТ

Членовите на жирито на шестиот меѓународен натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards 2020“ организиран од страна на Агенција Анадолија (АА) кој има за цел им да даде поддршка на фоторепортерите, изјавија дека натпреварот дал голем придонес за глобалните визуелни вести.

Камерон Спенсер, главен фоторепортер за спортска фотографија во „Getty Images“ и Дебора Копакен, писателката и фоторепортер, членови на жирито на „Istanbul Photo Awards 2020“ со новинарот на АА ги споделија своите искуство во процесот на избор на фотографии, за победничките фотографии и придонесот на фотографиите во визуелните вести.


- Istanbul Photo Awards 2020

Победниците на натпреварот, поради пандемијата на новиот тип на коронавирус, минатата недела беа одредени по пат на онлајн платформа за оценување на фотографиите подготвена од страна на тимот за информатички технологии на АА.

Делата што се сметаат за достојни за награда на натпреварот спонзориран од „Туркиш ерлајнс“ (THY) на публиката и даваат резиме на настаните што се случија во 2019 година, од Хонгконг до Газа.

Меѓународното жири, кое се собра во дигитална средина на 24-25 јуни, ги одредија најдобрите во измината година во категориите вест и спорт, единечна и вест во серија.


- Фотографија на годината

Спенсер, коментирајќи ја првата награда во категоријата „Единечна фотографија за вест“ за фотографијата „Протести во Хонгконг“ на фоторепортерот Јик Феи Лам, истакна дека станува збор за одлична фотографија која зборува за демонстрациите во Хонгконг.

„Демонстрациите во Хонгконг траеја многу долго, а ова фотографија прикажува слика за судирите и несразмерната сила што ја спроведувала полицијата. Демонстрантот е невооружен, но во фокусот на фотографијата е револвер вперен кон него, а не самиот демонстрант“, рече Спенсер.

Исто така, тој нагласи дека без фоторепортери, светот не би можел да ја свати големината на настанот што се случуваше во Хонгконг.

Копакен изјави дека оваа фотографија на годината ја потсетила на некои од најдобрите фотографии од Виетнам. „Личноста во која е вперен револверот е надвор од фокусот. Елементите на фотографијата не се важни одделно, но фоторепортерот го забележал моментот кој го објаснува тој еприод“, рече Копакен.

Спенсер истакна дека при изборот на најдобрите фотографии обрнале внимание и на водечките светски приказни, но и на самиот талент на фоторепортерот.

„Она по што фоторепортерот се разликуваат од просечниот човек кој поседува фотоапарат е тоа што тој поинаку забележува и креира свој агол, свесно користејќи ја светлината. Навистина ништо не може да го замеи искуството“, додаде тој.

Нагласи дека задачата на денешните фоторепортери е да бидат глас на луѓето чии глас не може да се чуе и со сочувство, да ги документираат реалноста и вистината.

втората награда во категоријата „Единечна фотографија за вест“ ја доби фоторепортерот на Агенцијата „Франс-Прес“ (AFP), Махмуд ел Хамс, со фотографијата насловена „Погребот во Газа“, на која плачат мали девојчиња. Фоторепортерот на „Ројтерс“, Ибрахим Абу Мустафа, со фотографијата „Ифтар меѓу урнатините во Палестина“ ја доби третата награда.


Копакен рече дека овие фотографии испраќаат многу силна порака за сите луѓе.

„Тоа што ги чини интересни е дека можата да бидат од било која конфликтна зона во светот. Со други зборови, овие фотографии зборуваат многу поголеам приказна отколку што тоа изгледа“ истакна Копакен.

Таа додаде дека најдобрите фотографии, всушност секогаш имаат прекрасна композиција и содржат момент полн со емоции.


- Категорија спорт

Спенсер смета дека фотографијата во оваа категорија мора да има одличен приказ на акција или би требало да биде креативна фотографија со висока уметничка вредност.

За победничката фотографијата на Јакуб Пожицки насловена „Гимнастичари“ која го освои првото место во категоријата „Единечна фотографија од спортот“ рече дека поседува и креативности, но има и композиција, со што се издвојува од останатите.

Во оваа категорија второто место го освои Ричард Хиткот фоторепортерот на „Гети имиџес“, ја освои втората награда со фотографијата насловена „Втор пат шампион“, додека третото место со фотографијата „Нуркач“ го освои италијанецот Андреа Стациоли.

Копакен рече дека членовите на жирито зеднички ја донеле и одлуката кога станува збор за најдобрите фотографии во категоријата спорт.

„При оценувањето во категоријата во која немам баш преголема стручност, комуникацијата меѓу членовите на жирито е многу важна. Додека гледате спортска фотографија, можеби постојат некои детали на воен фоторепортер и не му се баш јасни, па во такви моменти имавме помош од експертите и на крајот одлучивме за победниците“, рече Копакен.

Зборувајќи дека поголемиот дел од фоторепортерите живеат на терен додека се занимаваат со одредена тема, Спенсер напомена дека фоторепортерите поради тоа, својата работа ја доживуваат и многу лично.


Копакен исто така наведе дека без фоторепортери, односно нивните фотографии, не би било познато што се случува во светот.

„Работата на фотографот е на некој начин да го прикаже злото во светот“, наведе Копакен, која го фотографираше повлекувањето на Советскот Сојуз од Авганистан.


„Ќе заминев во планините, ќе се разболев, се случуваше и да бидам погодена од гелери. Понекогаш ми беа потребни неколку месеци да извадам филм од апаратот и да го испратам на агенциите. Ќе заминев до аеродром и би убедувала некој од патниците да го земе филмот со себе. Оние од агенцијата би го подигнале филмот од аеродром. Ќе ги организираа, копираа и ќе ги испраќаа по списаија. Тоа беше пред 11. септември“, зборуваше Копакен.


- „Агенција Анадолија оваа година направи извонредна работа“

Фоторепортерката и писателка Копакен рече дека оваа година особено им е олеснета работата благодарение на онлајн платформа за оценување на фотографиите посебно дизајнирана од страна на Агенцијата Анадолија.


Такво мислење дели и Спенсер кој рече: „Софтверот на АА, дизајниран специјално за наградите оваа година е врвно извршена работа. Беше многу лесно да се преминува преку екранот, да се зумираат и споредуваат фотографиите“.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.