Zehra Aydın
04 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
АНКАРА
Езерото Ишикли, кое е прогласено за природно заштитено подрачје, особено е познато по тоа што е домаќин на голем број птици, ретки видови риби и лотосовите цветови, и со својата визуелна убавина претставува прекрасно место за љубителите на природата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што новинарот на АА ги доби од Министерството за животна средина и урбанизам - Генералната дирекција за заштита на природните богатства на Турција, локалитетот на кој се наоѓа езерото Ишикли, во областа Денизли, благодарение на водениот и копнениот екосистем кој е застапен на едно место, го прогласил за природно заштитено подрачје, со цел продолжување на биолошката разновидност.

Езерото Ишикли кое во зимските месеци е домаќин на голем број птици, благодарение на фактот што служи за размножување на жолтата чапја, белобрадата рибарка и дебелоклуната рибарка, и нивната популација, доби посебен статус на заштитена област.
Меѓу видовите водени птици кои можат да се забележат на ова езеро, најмногу се присутни птиците од видовите мал корморан, белочелна гуска, патка превез, црвеноглав кожувар, црн кожувар и лиска. При редовното броење во средината од зимата, забележани се повеќе од 190.000 примероци на лиска.

Меѓу другите видови кои се размножуваат на ова езеро се видовите кокалка, големото штипче, црвена чапја, блескав ибис и езерски галеб. Белоопашестиот орел кој се размножува на Акдаг (Бела Планина) е од големо значење за рибите во езерото. Меѓу ендемските видови риби во Турција на кои им се заканува исчезнување, а се размножуваат во езерото Ишикли, се Aphanius anatoliae и Chondrostoma meandrense.
Од еколошки аспект, ова езеро, во чиј состав се наоѓаат голем број од рибните видови карактеристични за Турција, ќе стане едно од важните места кое ќе го посетуваат љубителите на природата.