Yasemin Kalyoncuoğlu
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили, како дел од операцијата „Канџа“, неутрализираа шест терористи на ПКК во северниот ирачки регион Хакурк, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството преку соопштение информираше дека операцијата „Канџа“ продолжува со успех.
Во операцијата неутрализирани се уште шест терористи. Досега, во подрачјето на Хакурк неутрализирани се 40 терористи, откако Турските вооружени сили на 27 мај ја започнаа операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во северен Ирак.
И во областа Зап, исто така, неутрализирани се двајца терористи.