Didar Yüsra Dilruba Öz
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турската полиција утринава приведе двајца градоначалници во југоисточната област Дијарбакир под обвинение за тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Кајапинар во областа Дијарбакир, Мехмет Али Ајдин, и градоначалникот на Јенишехир, Селим Курбаноглу, се приведени како дел од истрагата за тероризам, велат безбедносни извори.
Јавниот обвинител на Дијарбакир издаде налози за апсење на двајцата градоначалници, кои се исто така членови на турската Демократска регионална партија (DBP).
Антитерористичката полиција ги приведе градоначалниците во нивните домови под обвинение дека се членови на терористичката организација и за ширење терористичка пропаганда, вели извор кој зборуваше под услов на анонимност.
Продолжува полицискиот претрес на главните општински канцеларии во областа. Во октомври, со-градоначалниците на Дијабакир од ДБП, беа исто така приведени и задржани под обвинение за тероризам, и за нив се очекува судење.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, а од јули минатата година ја продолжи својата децениска оружена кампања против турската држава.
Повеќе од 300 цивили и речиси 800 лица од персоналот на безбедносните сили загинаа. Околу 8.000 терористи на ПКК се неутрализирани.