Dildar Baykan
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Американската Национална океанска и атмосферска управа (НОАА) соопшти дека во атмосферата лансирала нов сателит кој ќе ги предуредува пилотите за турбуленциите во атмосферата, јавува Anadolu AGency (AA).
Според соопштението на НОАА, се очекува новолансираниот сателит да испраќа побрзи предупредувања за турбуленции, и појасно ќе го дава приказот на движењата на облаците.
Понатаму во соопштението се вели дека сателитот GOES-R (Сателит за утврдување на движења во околината) ќе може побргу да предупредува за опасноста од урагани, поплави, вулкански облаци со прашина, пожари, грмотевици и есплозии на сончевата површина, и е претставен како сателит со најразвиен светски систем за следење на временската состојба.
Во изработката на новиот сателит, НОАА соработуваше со Национална управа за аеронаутика и вселена (НАСА).
Сателитот беше лансиран во орбитата во саботата, и за две недели додека се вклопи во орбитата, ќе измине пат од 35.900 километри. Се очекува тој да започне со активностите за една година.
НОАА за сателитот кој чини 1 милион долари вели дека го скенира небото петпати побргу од претходните сателити и има визуелна резолуција четирипати подобра од претходните.
Сателитот на секои 15 минути ќе дава слика на северната полутопка, а на секои 5 минути ќе дава слика за американскиот континент. Покрај тоа, на секои 30 секунди ќе бидат ажурирани посебните зони на бура.
Авиокомпаниите и пилотите ќе можат да ги користат информациите од овој сателит во втората половина на 2017 година.