Amina Zorniç
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Истражувањата покажаа дека интелигентните луѓе повеќе уживаат во самотија, отколку во дружењето со други луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова се податоци од истражувањата што ги спроведоа научниците на Факултетот за менаџмент при Универзитетот во Сингапур и на психолозите од училиштата за економија и за политички науки од Лондон.
Со истражувањата за однесувањето на 15.000 испитаници беше откриено дека, генерално, луѓето се чувствуваат посреќно кога се дружат со другите, со исклучок на некои интелигентни луѓе, кои отстапуваат од тоа правило.
Во истражувањето се наведува дека причина за тоа би можела да биде еволуцијата.
Имено, интелигентните луѓе лесно се приспособуваат на околината во модерниот свет, но потребни им се блиски врски со другите кои би им обезбедиле храна и засолниште, како што им било потребно на нашите предци.
Научниците како пример за храна и засолниште ги зеле шифрата на Ви-фи или полначот за мобилен телефон“.
Друга теорија на истражувањето тврди дека интелигентните луѓе се поамбициозни, и повеќе време поминуваат во остварувањето на своите цели, отколку на социјализација, односно дружење.
Заклучокот од истражувањето е дека интелигентните луѓе не се толку среќни доколку се дружат со други луѓе, и повеќе им годи кога се сами.