Selçuk Acar
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA) соопшти дека сезоната на урагани што започна во САД, може да предизвика повеќе последици од очекуваното и да биде најактивна од 2010 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува два урагана да ги погодат бреговите на Флорида во САД.
Ова соопштение на Национална агенција за океани и атмосфера ги загрижи Американците кои претходно се соочија со разорните моќи на движење на воздухот, како урагани и бури.
„Оваа сезона на урагани би можела да биде полоша од очекуваното. Би можела да биде најактивна од 2010 година”, соопштено е од Националната агенција за океани и атмосфера.
Сезоната би требало да заврши во ноември, а бурите би можеле да остават последици на животот на луѓето во повеќе подрачја.
Во предвидувањата објавени во мај се вели дека се очекуваат меѓу 11 и 17 тропски бури, но сега тој број е променет на меѓу 14 и 19.
Од тоа, пет до девет од нив ќе бидат урагани, а два до пет големи урагани.
„Сега влегуваме во период кога се формираат поголемиот дел од бурите“, изјави Гери Бел, главниот сезонски прогнозер на Американската национална агенција за океани и атмосфера
Директорот на Службата за управување со вонредни состојби (FEMA), Брок Лонг, изјави дека како се влегува во најактивниот период на сезоната на ураганите, важно е сите да знаат кој ги издава наредбите за евакуација во нивните заедници, да ги следат предупредувањата, да го обноват осигурувањето и да имаат план.