İbrahim Hakkı Çetinkaya
22 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 109 се повредени од ураганот што го зафати Мјанмар, пренесува Анадолу.
Во соопштението на локалните власти на Мјанмар се истакнува дека силен ураган вчера ги зафати централните делови на земјата, објави „Стрејтс тајмс“, информирајќи дека ураганот ги одзел животите на шест лица, од кои четири се жени, а 109 лица се повредени.
Повредените, од кои 16 се наоѓаат во критична состојба, згрижени се во болниците во регионот на Унијата Нејпидоу.
Повеќе од 200 куќи се оштетени во ураганот во централните делови на Мјанмар, а спасувачките операции се во тек.