Bayram Altuğ
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
АРАКАН (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, претстојува во официјална посета на Мјанмар, во таа пригода во Аракан присуствуваше на ифтар заедно со над 4.000 припадници на загрозеното муслиманско малцинство Рохинги, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со највисоките мјанмарски официлајни лица, Чавушоглу со авион пристигна во Ситве, главниот град на мјанмарската покраина Аракан, во којашто живеат Рохинги муслиманите.
Чавушоглу во Аракан пристигна во придружба на мјанмарскиот миннистер за граници, генералот Је Аунга, а на аеродромот во градот Ситве ги пречека премиерто на покраината Аракан, Нју Пу.
По средбата со премиерот Нју, Чавушоглу изјави дека Турција никогаш не ги заборавила своите браќа во Аракан и дека тие тоа го чувствуваат, но и го гледаат преку хуманитарната и друг вид на помош.
Чавушоглу потоа пристигна во муслиманската населба Ауна Минглар, единствената муслиманска населба која остана по нападот од страна на будустичките групи врз муслиманите во текот на 2012 година.
„Турција ќе продолжи да го поддржува развојот на Мјанмар, без да прави разлика на национална и верска основа. Вас, нашите муслимански браќа, никогаш нема да ве оставиме сами, а уверени сме дека ќе можете во мир и спокој да живеете заедно со будистите”, им порача Чавушоглу на насобраните мештани.
Турскиот министер Чавушоглу беше и покровител на заедничкиот ифтар на кој дојдоа над 4.000 аракански муслимани.
Покрај Чавушоглу, заедно со араканските муслимани ифтареа и турскиот амбасадор во Мјанмар, Мурат Јавуз Атеш, координаторот на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (TIKA) во Аракан, Абдулахад Кокдаги.
ТИКА организираше и делење пакети со хуманитарна помош кои синоќа им беа поделени на мештаните на сиромашната населба, вклучувајќи и пакети за 500 будистички семејства.
Мјанмар е држава во Јужна Азија каде што мнозинството од 56-милионското население се будисти, додека муслиманите со 2,5 милиони сочинуваат 5 отсто од популацијата. Најмногу муслимани живеат во покраината Аракан.
Рохинги муслиманите во Мјанмар претставуваат малцинство без основни права. Според официјалните извештаи на Обединетите нации, Рохинги муслиманите се најзагрозено национално малцинство во светот.
Угнетувањето на Рохинги муслиманите во Мјанмар, претходно Бурма, трае со децении, а последниот голем бран будистички напади се случи пред четири години.