Sinan Uslu
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во синоќешното обраќање во Анкара, за време на ифтарот со вработените во турското претседателство рече дека ниту последниот терористички напад на аеродромот „Ататурк” во Истанбул, нема да ja подели Турција и нејзините граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа нема да ја подели нашата земја. Некои луѓе живеат со такви соништа, но нема да биде како што сакаат тие. Зошто се овие напади? Никогаш нема да ви дадме, ниту пак сакаме да ви дадеме, ни дел од оваа земја натопена во крвта на загинатите”, рече Ердоган.
Тој истакна дека Турција уште еднаш беше цел на терористите, нагласувајќи дека земјата е на многу тежок испит.
„Сепак, немам ниту најмал сомнеж дека ќе го пребродиме тероризмот, терористичките организации и терористичките напади”, рече Ердоган.
„Кој ѝ да е вмешан, сите добро знаеме дека целта на терористичките организации е Турција да ја доведат во безизлезна положба и да ја принудат на отстапки”, рече Ердоган.
Нападот во Истанбул, според последните информации, зеде 42 жртви а 130 повредени лица сè уште се наоѓаат во болница.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но минатата ноќ, турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека наодите на истражните органи покажуваат дека нападот е дело на ДАЕШ.