Dzihat Aliju
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
СТРУМИЦА (АА) – Во организација на Хуманитарната фондација за човекови права и слободи (IHH), а со поддршка на Општината Османгази од Бурса, Турција и Здружението „Енсар“ од Македонија, во Струмица се одржа заеднички ифтар, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарот, кој се одржа во селото Василево, близу Струмица, учествуваа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејанчо Ефтимов, Претседателот на општина Василево, Ванчо Стојанов, Претседателот на здружението „Енсар“, Сулејман Баки и голем број од локалното население.
Претседателот на општината Василево, Стојанов, во својот говор им го честита месецот Рамазан на сите припадници од исламска вероисповест во Струмица и цела Македонија и го истакна своето задоволство што присуствува на овој ифтар.
Во разговор со дописникот на АА, Членот на управниот одбор на Хуманитарната фондација Човекови права и слободи (İHH) од Анкара, Јусуф Коркмаз, изјави дека во Македонија дошол да ја донесе донацијата која неговите сограѓани од Турција во форма на подароци, им ја испратиле на оние на кои им е најпотребна.
Македонија ќе организираат три големи ифтар програми, и тоа во градовите, Струмица, Тетово и Куманово, соопшти Коркмаз и додаде: „Во програмата која денеска ја организираме присуствуваат 282 лица.“
- Низ Македонија ќе бидат поделени вкупно 3.000 оброци -
Коркмаз соопшти дека низ Македонија ќе бидат поделени вкупно 3.000 фамилијарни пакети со храна.
„Овие пакети со храна се доволни за подмирување на едномесечните потреби на едно семејство. Во него ги има сите основни потребни продукти, почнувајќи од шеќер, чај, макарони, ориз и национални сосеви, путер, и сите продукти се со одличен квалитет“.
Членот на управниот одбор на Хуманитарната фондација Човекови права и слободи од Анкара, Јусуф Коркмаз, истакна дека е среќен од посетата на Македонија и додаде дека се чувствува прекрасно разговарајќи со локалното население, кое го прифатило како да е еден од нив.