Ekip
21 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ЈАНГОН (АА) - Поплавите во Мјанмар не престануваат иако метеоролозите најавуваат слабеење на монсунските дождови кои во изминатите денови предизвикаа елементарна непогода во централните и северните делови на земјата, при што стотина лица беа принудена да се раселат, јавува Anadolu Agency (АА).
Најмалку осум лица загинаа а повеќе од 600.000 се погодени со невреме во девет региони во кои поплавувањето трае од изминатиот месец, соопшти Министерството за социјални прашања, помош и населување.
Според зборовите на Тун Вин, генералниот директор на Одделот за метеорологија и хидрологија, Мјанмар се соочил со најозбилни поплави во последните 60 години.
„Горниот Мјанмар веројатно ќе се соочи со нови поплави со оглед на тоа што дождовите во тој дел на земјата се продолжени ”, изјави тој.
Во Долниот Мјанмар, најпогодена е поморската област Ајејваду, позната по истоимената река која претставува главен пловен речен пат во таа земја.
Во главниот град Јангон, младите лица излегоа на улиците со цел да собираат хуманитарна помош за поплавените подрачја.
Според последните податоци 504,471 лице од 123,643 семејства во 19 градови на регионот Ајејаваду, во кој воглавно се одгледува ориз, се погодени од поплави.
„Се обидуваме да им помогнеме на жртвите од поплавите доставувајќи им неопходни работи”, изјави 22 годишната студентка Мјо Охма.
Поплавите во Мјанмар се честа појава за време на периодот на монсунските дождови. Минатата година, околу 100 луѓе ги загубија животите додека околу милион беа погодени од последниците од поплавите.