Amina Zorniç
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ПОРТ-О-ПРЕНС (АА) - Неколку лица починаа од колера на Хаити, откако ураганот Метју на тој карипски остров ги однесе животите на речиси 900 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот весник „Гардијан”, Одделот на Светската здравствена организација за панамериканскиот регион (PAHO) се огласи со соопштение во кое наведува дека големите поплави на Хаити влијаеле врз загадувањето на водата за пиење и врз оштетување на канализационата инфраструктура.
„Очекуваме дека бројот на случаи на колера по ураганот ќе расте, сè до почетокот на 2017 година”, наведува ПАХО, без да го прецизира моменталниот број на смртни случаи предизвикани од колера.
Ураганот Метју е најсилниот ураган на американско тло по ураганот Феликс, 2007 година.
Ураганот се формира на почетокот на минатата недела во близина на карипските острови и јужните делови на Соединетите Американски Држави (САД). Мина низ Флорида, Доминиканската Република, Грузија, а најмногу го зафати Хаити, кој е најсиромашната земја во Латинска Америка.
Се проценува дека на овој карипски остров, на околу 350.000 луѓе во прифатните центри им е потребна итна хуманитарна помош. Ураганот во Хаити урна станбени објекти и целосно ја парализираше земјата со над осум милиони жители.
Вонредна состојба е прогласена е и во Севера Каролина, каде што се евакуирани над два милиони лица.