Recep Şakar
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
МЕЛБУРН (АА) - Австралија ќе донира 2,5 милиони долари итна хуманитарна помош за населението во Хаити, земја којашто беше погодена од ураганот Метју, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерската за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, потсети дека стотина лица загинале, илјадници домови се уништени, се појавила опасност од епидемија на колера, а на повеќе од 1,4 милиони жители на Хаити им е потребна помош.
Бишоп додаде дека 1,5 милиони долари преку УНИЦЕФ ќе бидат доставени за населението на Хаити, за борба против колерата, но и против другите болести предизвикани со оштетувањето на водоводните мрежи.
Милион долари се издвоени за Меѓународната организација за миграции, за да се обезбеди привремено засолниште за жителите на Хаити кои останале без покрив над глава.
Светската здравствена организација (СЗО) на Хаити испрати милиони вакцини против колера.
Ураганот Метју, кој се појави на почетокот од месецот, однесе повеќе од 800 животи.