Selçuk Acar
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ЊУЈОРК (AA) - Ураганот Метју однесе шест човечки животи во САД, откако во Хаити усмрти речиси 900 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Обединетите Нации, на Карибите, потебна е хуманитарна помош за повеќе од 350.000 лица.
Ураганот кој во петок наутро ја погоди Флидира, во САД, однесе шест животи. Повеќе од милион лица останаа без електрична енергија.
Ураганот на југоистокот на земјата го отежна копнениот и воздушниот сообраќај, а од среда се откажани околу 4.500 летови.
Во Џорџија е затворен сообраќајот поради дврвајта кои се наоѓаат на пат.
Метју е наречен како најсилен ураган од Феликс, 2007 година. Во текот на викендот е класифициран во најсилната, петта категорија на урагани, чии ветрови со брзина од 240 километри на час уриваат стамбени објекти.