Ekipa
08 октомври 2016•Ажурирај: 09 октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел повика на поголема меѓународна помош за Африка, велејќи дека тоа ќе помогне во борбата со проблемите што ги принудуваат луѓето од тој континент да бегаат, како и во решавањето на проблемот со развој на тие подрачја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во видео обраќањето објавено три дена пред посетата на Мали, Нигер и Етиопија, Меркел изјави дека Африка ќе биде во фокусот на германското претседавање со групата Г-20.
Бидејќи се очекува Африканското население двојно да се зголеми во текот на следните 35 години „во наш интерес е да и помогнеме на Африка во нејзиниот развој, додека пак во тие земји во исто време се прават напори за владеење на правото", истакна Меркел.
Таа додаде дека самата државна помош не е доволна за да се подобри развојот на целиот континент.