Tuğrul Çam
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери денес изјави дека Русија и Сирија мора да се соочат со истрага за воените злосторства поради нападите на цивили и болници во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека сириските сили бомбардирале уште една болница вчера во сирискиот најголем град пред војната, во која загинале 20 лица а 100 други биле повредени.
„Русија и сирискиот режим на светот му должат повеќе од објаснување, за тоа што продолжуваат да ги бомбардираат болниците, медицинските објекти, децата и жените”, изјави тој заедно со неговиот француски колега во Стејт Департментот.
„Овие постапки бараат соодветна истрага за воените злосторства ”, изјави Кери додавајќи дека сторителите „треба да бидат повикани на одговорност”. „Инцидентот како синоќешното бомбардирање врз болницата е насочена стратегија за тероризирање на цивилите и да се убие секој кој ќе се најде на нивните воени цели”, изјави тој.
Снимките направени од Anadolu Agency ги покажуваат урнатините во северното подрачје на Алепо, Тарик ал Баб. Градот е жариште на конфликтот меѓу сојузничките сили на сириската влада и бунтовниците.
Сирискиот претседател, Башар ал Асад вчера понуди помилување на бунтовниците во источниот дел на Алепо, доколку тие ги положат своите оружја, но понудата на групата беше жестоко отфрлена.
Во меѓувреме, претставникот на ОН во Сирија предупреди дека Сирија и Русија до крајот на годината можат целосно да го уништат источниот дел на Алепо, каде живеат 275.000 цивили.