Erkan Avci
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ВАШИНТОН (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мехмет Чавушоглу во рамките на посетата на Вашингтон каде учествува на Самитот на нуклеарната безбедност, се состанак со американскиот државен секретар Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу пред самиот состанок истакна дека е потребно да се добие битката против терористичките групи, кои, како што рече, претставуваат закана не само за Турција туку и за Европа и целиот свет.
Кери потсети на последните терористички напади во Брисел, Багдад, Анкара и Истанбул.
"Во интерес на сите нас е што побрзо да ги уништиме терористичките организации како што се ДАЕШ, фронтот Нусра и во регионот и тамошните земји да воспоставиме безбедност. Турција е во контекст на таквите напори важен партнер на САД како и сојузник на НАТО", рече Кери.
Потсетувајќи дека Туррција прифати 2,7 милиони бегалци, истакна дека САД ќе прати помош од додатни 20 милиони долари за бегалците.
Чавушоглу нагласи дека терористичките напади не се случуваат само во Истанбул, Анкара и Брисел, туку и во Пакистан, Африка и другите места во светот.
"Мораме да го победиме терориситчките организации кои претставуваат закана не само за Турција туку и за Европа и целиот свет", рече Чавушоглу.
Состанокот на двата челници е продолжен зад затворени врати.