Hatice Kesgin
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Снимките од Алепо, градот кој веќе пет години е средиште на жестоки борби и бомбардирања во војната во Сирија, прикажуваат уништени населби во градот кој некогаш беше економски центар на земјата. На видео снимката од опустошениот град направена од Anadolu Agency (AA), кој беше сириски град со најмногу популација од 2,3 милиони жители, и индустриски и финански центар на земјата, се гледаат уништените згради.
Во соседството кое од 2012 година е под контрола на Слободната Сириска војска, а е снимено вчера, не делот од видеото кое започнува по две минути и 13 секунди се гледа блокот на опустошени згради. Без оглед на разорувањето, многу жители можат да се видат како се занимаваат со своите секојдневни активности, па дури се гледаат и возила во движење на улиците.
Градот беше клучно место на борбата против опозициските сили и режимот на Башар ал-Асад, поддржан од Русија. Околу 275.000 лица моментално се под опсада во Алепо, чија историја датира од пред најмалку 4.000 години и е еден од најстарите градови на светот, доколку се набљудуваат во континует на населени градови.
Тој ги повика 900 борци на Фронтот Фатах ал Шам, претходно познат како Фронтот Нусра кој Он го смета за терористичка група, да се повлечат од источниот дел на Алепо. Тој додаде дека околу 8,000 припадници на опозициските сили се спротиставуваат на нападите на сирискиот режим.
Меѓу цивилното население се наоѓаат околу 100.000 деца. Бројот на загинати е проценет на околу 470.000 од страна на Сирискиот центар за политички истражувања на невладина организација со седиште во Бејрут.