07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Руската војска соопшти дека ја разгледува можноста за враќање во своите бази од советскиот период на Куба и во Виетнам. Оваа изјава дојде во време на зголемени тензии меѓу САД и Русија околу Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот за одбрана, Николај Панков, денес на руските парламентарци им соопшти дека министерството ја разгледува можноста за воспоставување воени упоришта далеку од границите на Русија.
На прашањето на пратеникот дали тоа значи дека војската ќе се врати во базите на Куба и во Виетнам, Панков изјави дека војската ја разгледува одлуката за враќање во нив, но не изнесе никакви детали.
Рускиот претседател Владимир Путин во 2001 година ѝ нареди на војската да се повлече од базата на Куба и од Виетнам, со цел зајакнување на врските со САД. Меѓутоа, во последно време, руско-американските односи дојдоа до најниска точка уште од времето на Студената војна, поради напнатоста околу Сирија и Украина.