Betül Yürük
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок за разгледување на сириското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ОН се вели дека состанокот ќе се одржи денеска, во 10.00 според локално време, и ќе биде затворен за претставниците на медиумите.
Одлуката за итен состанок на Советот е донесена по предупредувањето на специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, дека во случај да продолжат руските и режимските напади над источниот дел на Алепо, тој за околу 2 месеца ќе биде целосно уништен“.
Беше објавено дека Советот се состанува на барање на Русија и дека Де Мистура од Женева преку телеконференција ќе ги информира членовите на Советот за безбедност.
Истакнувајќи дека во источниот дел на Алепо живеат околу 275 илјади цивили, од кои 100 илјади се деца, Де Мистура ги критикуваше нападите на Русија и на сирискиот режим, кои за да уништат околу 900 војници на Ал Нусра, всушност вршат напади над цивилите што живеат во источниот дел на Алепо.
Постојаниот претставник на Русија и воедно претседавач со Претседателството на СБ Витали Чуркин, пак, не одговори на критиките на Мистура.