Umur Koçak Semiz
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
САНТО ДОМИНГО (АА) – Бројот на жртви, кои загинаа во Хаити од ураганот Метју достигна до 283. Ураганот се движи кон Бахамите и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Од министерството за внатрешни работи на Хаити излегоа со соопштение во кое се вели дека, сеуште нема пристап до некои села каде што зафати ураганот, како и дека се стравува од зголемување на бројот на жртви.
Министерството изјави дека повеќе од 350 илјади лица побараа итна помош. Шефот на дирекцијата за цивилна одбрана, Alta Jean Baptiste за АА изјави дека, од понеделникот наваму, ураганот кој предизвика поплави доведе до изчезнување на голем број лица.
Во последините 10 години Хаити го доживува најсилниот ураган. Уништени се илјадници домови на јужниот и југозападниот дел државата.
Бројот на жртви од ураганот достигна до 283.
- Ураганот се придвижува кон Бахамите и САД.
Ураганот Метју, кој е специфициран како ’најтешки урагани од втора класа’ и дефиниран во 4-та категорија, се движи кон Бахамите и САД.
САД, која се подготвува за ураганот, прогласи вонредна состојба на крајбрежните места, во Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина. Беше донесена одлука за евакуација на околу 2 милиони жители, на безбедни места.