Bayram Altuğ
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, вчера предупреди дека Алепо до крајот на годината би можел во потполност да исчезне, доколку биде продолжено бомбардирањето на источниот дел на овој сириски град, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите ние и целиот свет ќе бидеме сведоци на тоа до крајот на годината додека вршиме подготовки за прославата на Нова година“, изјави де Мистура за време на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија (ИССГ) во Женева.
Тој напомена дека на источниот дел на Алепо живеат речиси 275.000 цивили, од кои 100.000 деца.
Де Мистура потсети дека од 23 септември, во воздушните напади на руските сили и единици на режимот на Асад загинале 376 лица, додека 1.266 се ранети, нагласувајќи дека третина од загинатите се деца.
„Не може сите тие да се терористи“, истакна де Мистура, додавајќи дека честопати, цел на нападите се лекарите и хуманитарните активисти.