Betül Yürük
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) – Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, ги негираше тврдењата дека ќе даде оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот портпарол на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, на дневниот брифинг за новинарите истакна дека генералниот секретар Антонио Гутереш го поддржува специјалниот пратеник за Сирија и дека де Мистура ќе продолжи со својата работа.
„Стефан де Мистура врши неверојатна работа. Во Женева успеа да ги доведе страните што војуваат во Сирија. Преговорите продолжуваат и очекувам да бидат успешни. Посакувам овие преговори да бидат важен прв чекор на патот кон сеопфатно политичко решение“, истакна генералниот секретар Антонио Гутереш, во врска со тврдењата, за време на својата посета во бегалскиот камп Ез-Затери во Јордан, во кои престојуваат сириските бегалци