Michael Hernandez
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп на 3 април ќе го прими во Белата куќа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, соопшти вчера Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Трамп со нетрпение ја очекува посетата на Сиси", истакна портпаролот на Белата куќа преку соопштение.
Портпаролот Шон Спајсер нагласи дека двајцата лидери ќе ја искористат посетата за надградување на позитивниот моментум коишто е изграден во односите меѓу САД и Египет.
Спајсер додава дека едни од темите за коишто ќе се разговара е кампањата за борба против ДЕАШ и спроведувањето на мирот и стабилноста во регионот, додаде тој.