Mustafa Keleş,Betül Yürük
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска едногласно го поддржа Антонио Гутерес, поранешниот премиер на Португалија и високиот комесар на ОН за бегалци, за нов генерален секретар на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на затворениот состанок, 15-те членки на Советот за безбедност ја усвоија резолуцијата со која официјално се назначува Гутерес за шеф на ОН, кој ќе го претставува Генералното собрание.
Гутерес е предложен за мандат од пет години, кој ќе започне на 1. јануари.
Се очекува гласањето на 193 земји-членки во Генералното собрание на ОН да се одржи следната недела.
Да потсетиме, поранешниот португалски премиер Антонио Гутерес, ќе стане новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), а договорот за нов генерален секретар на ОН беше постигнат вчера во неформално гласање на Советот за безбедност на ОН.