AP
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Германскиот суд осуди четворица германски и либански државјани обвинети за давање поддршка на терористичка група во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за четири машки лица кои со залихи во вредност од повеќе десетици илјади евра ѝ помагале на групата Ахрар аш-Шам, блиска на Фронтот ал Нусра, сириски огранок на Ал Каеда.
Државниот суд во Штутгарт го осуди либанскиот државјанин Касем Ел-Р. (33) на три и пол години затвор. Хасан А.С. (30), исто така либански државјанин, Али Ф. (32) германско-либански државјанин и Германецот Нуран Б. (50), добија условни казни.
Нивните презимиња не се објавени, во согласност со германските правила за приватност.
Споменатите лица во 2013 и 2014 година, за терористичката група набавиле 7.500 пара чизми и 6.000 јакни и останата роба во вредност од 130.000 евра. Тоа го сториле со помош на компанија од Амстетен којашто е во сопственост на Нуран Б. Испораката ја организирал Ел-Р. кој исто така обезбедил пет возила за итна помош.