Murat Karadağ
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
ЛЕ КАЈЕ (AA) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на Хаити има најмалку 200 лица за кои се сомнева оти се заразени со колера и дека на Карипските Острови ќе бидат испратени милион вакцини, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на педијатрискиот оддел за итна помош на Хаити, Уни Кришнан, истакнува дека доколку не се преземат итни мерки на претпазливост, епидемијата за многу кратко време би можела да излезе од контрола.
Епидемијата на колера е само еден од проблемите со кои жителите на Хаити се соочија по ураганот Метју, кој досега однесе речиси 900 животи, а поради глад и недостаток на храна, населението се соочува со смрт.
Покрај тоа, болниците и клиниките со соочуваат со недостаток на лекови и опрема, а отежнат е и превозот на пациентите до најблиските медицински центри.